Советничките групи на денешната координација во советот на општина Дебрца донесоа одлука со која од државата бараат го отфрли планот за изградба на регионална депонија во атарот на с. Годивје.
Одлуката која треба да биде усвоена на седница на советот ќе биде испратена до премиерот, министерот за животна средина, градоначалниците на општините во Југозападниот плански регион и канцеларијата на ЕУ.
– Доколку оваа одлука не биде прифатена од министерот за ивотна средина ќе биде организиран референдум на кој ќе се изјаснат жителите на општина Дебрца. – изјави Игор Трајковски – градоначалник на општина Дебрца.
Во продолжение интегралниот текст од предлог одлуката усогласена од членовите во советот на општина Дебрца:
OhridNews













