
Според него светската економска криза битно влијаела врз работењето на Советот и на Општината. „Но, според тоа што во 2009 година предвидениот Буџет е реализиран околу 91 %, сметам дека и покрај финансиската криза, 2009-тата за Општина Охрид, беше успешна буџетска година“, додава Јаковчески.
Тој изрази очекување дека Советот во 2010 година ќе функционира успешно и во интерес на граѓаните. „Се надевам дека во 2010-тата година ќе се надминат сите препреки и проблеми и дека истата ќе биде многу поуспешна од 2009-тата“, истакна Јаковчески.

– Исто така 2009 година е важна и поради тоа што беше изборна година, во која охриѓани му ја дадоа подршката на старо-новиот градоначалник. Новоформираниот Совет, до сега има донесено голем број важни одлуки за Охрид, па врз основа на тоа оценуваме дека истиот успешно ја помина 2009-тата, вели Станкоски.
Тој изрази надеж дека 2010 ќе биде година во која што сите ќе имаат повеќе позитивна енергија и успешно ќе се справат со сите предизвици кои ги носи секојдневието.
– Да се надеваме дека и материјалната положба на граѓаните значително ќе се подобри и дека конечно ќе заборавиме на финансиската криза. Очекувам дека и на политички план 2010 ќе биде многу поуспешна од претходната година, од аспект на работата на охридската општинаска власт, рече Станкоски.

– Без иницијативи од мнозинството, без широка програма, Советот се загуби во притисокот наметнат од вториот орган на локалната власт. Опозицијата се обиде да се спротистави но се уште пречка ни беа неискуството и недоволната координација. Локалната власт нема идеја ниту во Буџетот и програмите за 2010та. Се надевам дека искуството сепак ќе придонесе за поинаква слика во годината што започна вели Пановски.
Тој очекува во 2010 во Охрид да проработи, како што вели, критичката мисла.
– Да се отвори дискусија за кризата на Охрид, да се создадат капацитети кои тоа ќе го разберат, а не речникот да им остане на ниво на навреди. Охрид мора да се отвори, да почне капитално да размислува . Тоа е надежта, вели Пановски.

– Поради тоа потребно беше и еден период додека ние советниците се усогласивме и додека започнавме во вистинска смисла да ја обавуваме задачата која ни ја доверија граѓаните. Но и покрај тоа сметам дека Советот успешно ја помина 2009-тата година и успеа да донесе голем број одлуки кои се значајни за Општина Охрид, рече Хајба.
Таа изрази надеж дека 2010-та ќе биде многу поуспешна од претходната.
– Сметам дека ќе се надмине светската економска криза, а Општината и граѓаните нема да се соочуваат со финнсиски проблеми. Исто така буџетот, што Советот на општина Охрид го донесе за оваа година, дава простор за остварување на голем број развојни програми за Охрид, особено во сферата на туризмот. Според тоа очекувам оваа година да биде многу поуспешна туристичка година за Охрид, истакна Хајба.












