Советот на Општина Охрид на денешната 45 седница ја прифати Студијата за валоризација на Студенчишко Блато, што ја изготви еколошко – консултантското друштво „Деконс Ема“ од Скопје, што е дел од постапката за прогласување на овој простор за заштитено подрачје.

Советниците, ја прифатија и Предлог одлуката со која на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП)и се предлага Студенчишко блато да биде прогласено за заштитено подрачје во категорија – „Парк на природата”.

Студијата и одлуката на Сопветот ќе бидат доставени до МЖСПП на разгледување и донесување на конечна одлука за прогласување на Студенчишко блато за заштитено подрачје.

OhridNews