Советот на општина Охрид на 7-та седница, што се одржа попладнево едногласно ја изгласа одлуката за прием во сопственост на движна ствар, специјано возило за лица со посебни потреби.
Се работи за возило марка „Мецедес“, кое согласно правилник кој ќе биде изготвен од страна на стручните служби, со претходна најава ќе може да го користат здруженијата за грижа на лица со посебни потреби од општина Охрид.
Ова возило е набавено со средства од хуманитарната акција „Декември месец на отворено срце“ што ја иницираа претпријатието „Отпад“ и јавното комунално претпријатие, а која беше реализирана со голема помош на лајанс клубовите „Лихнидос“ и „Десарети“, Ротари клубот „Охрид“, локалната самоуправа, училиштата, фирми и поединци од градот.