Советот на општината Охрид на седницата што ќе се одржи денеска ќе одлучува по предлогот за поскапување на такси превозот во Охрид. Како што дознаваме стартот од досегашните 30 треба да се покачи на 50 денари, а корекции се очекуваат и во цената за изминат километар која сега изнесува 15 денари. Покачување на цените се најавува и во јавниот превоз.

Одлуките за општинскиот линиски превоз на патници и на авто-такси превозот на патници ќе се најдат на дневен ред на 55-та седница на Советот на општина Охрид , која ќе се одржи денеска.

Советотна ќе расправа по вкупно 14 точки:  Предлог-Одлука за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид; Предлог-Одлуката за измени и дополнувања на Одлуката за новоформираното ЈП за стопанисување со спортски објекти и паркинг-простори; Предлог-Одлука за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката (од 26.04.2004.година) за утврдување цени за вонредно чистење на улиците; Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварените резултати од работењето на ЈП „Охридски Комуналец“ во првите три месеци од годинава; Предлог-Одлука за усвојување на тримесечниот Извештај на РЕ „Водовод“ и РЕ „Колектор“ во првиот квартал од годинава; Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „Охридски Комуналец“; Предлог-Одлука за формирање локален Совет за превенција; Предлог-Одлука за утврдување Нацрт- ДУП за Урбана Заедница 6 дел од урбан блок 6.1 опфат „Крст џамија“- општина Охрид; Предлог – Одлука за утврдување Нацрт-ДУП за УЗ 1 дел од урбан блок 1 опфат 1 – општина Охрид; Предлог – Одлука за донесување ДУП  за дел од УЗ 16 – „Рача“ УБ 16.3 опфат 3 – општина Охрид; Предлог-Одлука за донесување  ДУП за плански опфат вон населено место Лагадин- Пештани, општина Охрид, дел од УБ 9; Предлог- Одлука за утврдување на висината на надоместокот за користење на промотивно-информативен банер.