Советот на општина Охрид, денеска, ќе ја одржи 22 седница, на која ќе биде разгледана предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за имплементација на електронски систем за организирање и наплата за паркирање на јавните паркинг простори. Советниците треба да се изјаснат и по предлог Одлуката за давање согласност на одлуката на Управниот одбор на ЈП „Билјанини Извори“-Охрид за усвојување на Физибилити студија.

Ваквите најави изминатите денови предизвикаа лавина реакции и политички препукувања, а според најавите се очекува жестока дебата во советот.

На дневен ред на денешната седница се 53 точки, меѓу кои и тие за утврдување на цени на услуги на јавните претпријатија во градот, како и повеќе одлуки за вклопување во план на бесправно изградени објекти.

OhridNews