За неполн час Советот на општината претпладнево ги разгледа и усвои сите 40 предлог-одлуки кои останаа на дневниот ред на продолжението од 17-тата седница.
Сите одлуки кои се однесуваа на урбанистичката сфера и разрешување односно именување на членови на УО во основните и средните училишта како и УО и НО на Детската градинка „Јасна Ристеска“ – беа усвоени со гласови од мнозинството, додека опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ гласаше против
Едногласно единствено беа изгласани одлуките за формирање на Совет на потрошувачи и Локалниот комитет за изработка на ЛЕАП, информираат од локалната самоуправа.











