Советот на општина Охрид денеска ќе ја одржи 50-та седница.
На дневен ред ќе се најдат 15 точки меѓу кои и предлог одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штета од од земјотресот во општина Охрид кој се случи на 7-ми јуни 2012 година.
Советниците ќе расправаат и за состојбата во областа на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот на патиштата, а на двен ред ќе се најдат и извештаи и програми за работа на повеќе општински сектори и одделенија.