Во четврток, 28 април со почеток во 11 часот, ќе се одржи триесет и третата седница на Советот на општина Охрид.

Предлог- одлуките за усвојување на Извештајот за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за периодот од 01.01. до 31.12.2010 година,  извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03. 2011 година, предлог- одлуката за усвојување на извештајот за реализација на Програмата за потикнување на развојот на туризмот на општина Охрид за периодот од 01.01.-31.03.2011 година,  како и предлог одлуката за изменување на Одлуката за авто такси превоз на патници на општина Охрид- се само дел од вкупно 27-те точки кои ќе се најдат на дневен ред на седницата.

OhridNews