Советот ќе расправа за уредување на односите помеѓу Проаква и Нискоградба
15.03.12 00:05
Доколку советот на општина Охрид даде зелено светло, МЈП Проаква ќе преземе дел од обврските од јавното претпријатие Нискоградба околу одржување на дел од водоснабдителниот систем. Имено на 45-та седница, што ќе се одржи денеска, на дневен ред, меѓу другото ќе се најдат и предлог одлуката за давање согласнот на Одлуката за уредување на меѓусебните односи помеѓу МЈП „Проаква“ Струга и ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид по основ на стекнати права и обврски, како и предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за отстапување на правото на одржување на дел од водоснабдителниот ситем на подрачјето на општина Охрид од ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид на МЈП „Проаква“ Струга.
Како што е познато ЈП Нискоградба се формираше со издвојување на дел од РЕ Водовод Охрид од Проаква, со цел поефикасно одржување на водоводната и канализационата мрежа во општината.
Покрај овие точки на дневен ред на 45-та седница, ќе се најдат и извештаите за финансиското работење и годишната сметка на училиштата и јавните установи и претпријатија во општината.
Демографските трендови – како што се намалувањето на наталитетот, иселувањето на младите и стареењето на населението – се економска реалност што бара системски пристап и долгорочни решенија истакна...
Денес и утре Охрид станува епицентар на коктел културата За првпат годинава охриѓани и посетителите ќе може да уживаат во коктели што ги разигруваат сетилата, богата музичка програма и атмосфера шт...
Поради настанат дефект на водоводната мрежа денес од 11:40 часот повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Никола Карев“ и на дел од Бул „Туристичка“, информираат од ЈП Водовод Охрид По...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.