Доколку советот на општина Охрид даде зелено светло, МЈП Проаква ќе преземе дел од обврските од јавното претпријатие Нискоградба околу одржување на дел од водоснабдителниот систем. Имено на 45-та седница, што ќе се одржи денеска, на дневен ред, меѓу другото ќе се најдат и предлог одлуката за давање согласнот  на Одлуката  за  уредување  на меѓусебните односи помеѓу МЈП „Проаква“ Струга  и ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид по основ на стекнати права и обврски, како и предлог одлуката за давање  согласност на Одлуката  за отстапување на правото на  одржување  на дел од водоснабдителниот ситем на подрачјето на општина Охрид од ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид на МЈП „Проаква“ Струга.

Како што е познато ЈП Нискоградба се формираше со издвојување на дел од РЕ Водовод Охрид од Проаква, со цел поефикасно одржување на водоводната и канализационата мрежа во општината.

Покрај овие точки на дневен ред на 45-та  седница, ќе се најдат и извештаите за финансиското работење и годишната сметка на училиштата и јавните установи и претпријатија во општината.

OhridNews