Советот на општина Охрид на наредната седница, закажана за петок, ќе се изјасни по предлог одлука за подигање спомен обележје посветено на празникот Богојавление – Водици.

Како што е познато, иницијативата е на овогодинешниот кум на манифестацијата, д-р Ванчо Чифлиганец, а точната локација како и идејното решение ќе бидат избрани низ законска процедура и во консултација со експерти и стручни служби на централно и локално ниво. Постои можност спомен обележјето да биде поставено во вода, или непосредно на крајбрежјето каде што се одвива церемонијата по повод празникот Водици.

Според најавите споменикот треба да биде готов до следното празнување на Водици.

OhridNews