
Трајкоски потенцира дека донесената одлука од Советот, заедно со барање да се отфрли предложеното решение за Дебрца како локација за изградба и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад, денеска ќе биде испратено до Министерот за животна средина и просторно планирање кој е имплементатор на проектот за воспоставување на интегриран и финансиски одржлив систем за управување со отпад во Југозападниот плански регион.
– Доколку Министерот за просторно и урбанистичко планирање во рок од 15 дена, не го отфрли предложеното решение за Дебрца како локација и работење на регионална депонија и други постројки за управување на отпад, повторно ќе го актуелизирам прашањето за покренување на иницијатива за распишување на референдум, за што, со денешното донесување на одлуката од страна на Советот на општината, недвосмислено ќе биде обезбедена подршка од советниците за негово распишување, вели Трајкоски.
OhridNews











