
Овој извештај ЦУК треба да го достави до општината во рок од 10 дена.
Според донесениот заклучок, Советот се обврзува во рок од 5 дена по добивањето на извештајотда закаже седница на која би се донеле соодветни акти во насока на обезбедување на алтернативно сместување на семејствата од загрозените објекти , се до нивна санација или реконструкција.
Како што веќе информиравме, вкупните штети од серијата земјотреси што ова лето го погодија Охридскиот регион изнесуваат 58 милиони денари.
До општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди поднесени биле 854 барања за проценка на штети, 802 за индивидуални објекти и 52 за деловни објекти. Штетата кај индивидуалните објекти изнесува 48 милиони денари, а кај деловните 9 милиони денари.
Штетите од земјотресот во Охрид се од прва, втора и трета категорија и така ќе оди исплаќањето. Прва категорија се објекти со оштетувања, но во кои може да се живее, втора категорија се објекти кои претпрпеле поголеми штети, а трета категорија се објекти каде нема услови за живеење. Такви објекти има вкупно 11 во Косел, дел во стариот град и на улиците „8-ми Септември“ и „Јане Сандански“. За дел од нив извршена е проценка од страна на Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија – ИЗИС, а дел ќе бидак предмет на контрола која ќе се изврши во текот на оваа недела. – информираше општинската комисија за проценка на штети од елементарни непогоди.
OhridNews











