Во екот на предизборната кампања, Советот на општина Охрид, денеска ќе ја одржи 34- тата седница.

На дневен ред ќе се најдат тримесечните извештаи за работата на ЈП „ Билјанини извори“ и „ Нискоградба“, надоместокот за лиценци за угостителска дејност, одлуката за збратимување со полскиот град Краков како и неколку одлуки од урбанистичката сфера.

На седницата треба да се расправа и за  намалувањето на паушалите на советниците во Општина Охрид кои наместо досегашните 84% од просечната исплатена плата во државата, како паушал ќе земаат 70% од истата, или некаде околу 14.000 денари.

OhridNews