Општина Охрид утре ќе ја одржи шеесет и петтата  седница на Советот на општина Охрид, со единствена точка на дневен ред Предлог – Одлука за збратимување на градот Охрид со градот Огроџењец-Република Полска.

Седницата се свикува по вчерашната средба на градоначалничката на Општина Ограџењец од Полска, Ана Пиларцук со градоначалникот од Општина Охрид Георгиески, каде на градоначалникот му беше предадено писмо и подготвен меморандум за склучување соработка помеѓу двете општини, кој на иницијатива на градоначалничката Пиларцук и претставници на еден од најголемите тур-оператори во Полска, „Рего- Бис“, треба да биде изгласан на утрешната закажана седница на Совет на Општина Охрид.

На средбата претставниците на двете општински администрации и бизнис заедниците разговараа на повеќе теми и се согласија дека помеѓу Охрид и Огроџењец може да се воспостави блиска соработка во повеќе области.

OhridNews