
Од советот на родители со осуда за ваковиот чин, како што велат, на поединци родители затоа што го „прескокнале“ советот на родители како тело кое редовно се состанува и според законските надлежности навремено делува за сите отворени прашања во училиштето.
– Членовите на советот на родители сметаат дека со избрзаната реакција до медиумите, некој се обиде да го наруши високиот углед кој го има училиштето, заедно со професиналниот наставен кадар идиректорот. Од досегашното исксутво, цврсто стоиме на ставот дека професионалниот кадар кој работи во ова основно училиште е висококвалификуван, може да одговори на сите работни задачи и да ги исполни сите обврски и истиот секогаш, ама секогаш се прилагодува на барањата и потребите најпрво на учениците, а потоа и на родителите, вели претседателот на Советот на родители при ОУ „Св.Климент Охридски“, Татјана Маленкова.
Инаку, од страна на група родители од училиштето до OhridNews, беше испратено отворено писмо до директорот, како што беше објаснето, поради неговата одлука наставникот кој им предава на нивните деца, ученици во четврто одделение, да се прераспредели како наставник во прво одделение. Според родителите, тоа е направено поради лични интереси, а воедно ќе предизвика и стрес кај учениците на кои веќе претходно им се менувал наставникот.
На ваквите обвинувања реагираше и директорот, Јордан Пуроски, кој порача да не се деградира било кој од наставниците затоа што станува збор за професионален кадар кој подготвено може да одговори на обврските. Ги отфрли обвинувањата дека има било какви лични интереси и додаде дека секогаш се носат одлуки кои немаат негативно влијание врз следењето на наставата.
OhridNews











