Пред малку во Струга заврши вонредната седница на Локалниот совет за превенција во проширен состав, на која иако поканети не присуствуваа претставници од локалната самоуправа од Вевчани и претставници од институциите од оваа општина.

Советот ги осуди сите инциденти кои се случија деновиве во струшко и побара извинување од страна на општина Вевчани и организаторите на вевчанскиот карневал, поради истакнување на навредливи маски на овогодинешниот карневал со кои се исмејува исламската религија.

Во спротивно, Исламската верска заедница ќе поднесе кривични пријави против лицата кои ги носеле маските.

Во однос на синоќешното палење на црквата во село Лабуништа и другите инциденти кои се случија, советот бара надлежните институции да ги откријат сторителите и против нив да поднесат соодветни пријави.

Советот апелираше за смирување на тензиите. Во таа насока, за во четврток, е најавено одржување на уште една седница во проширен состав со претседателите на сите месни заедници од струшкиот регион. 

OhridNews