Согласно Г1 програмата за локален економски развој на Општина Охрид за 2018- та година, во среда 24-ти октомври, ќе се реализираат советувања и обука на производителите за производство на органска храна.

Имајќи во вид дека органското производство е најбрзо растечки  сектор во производството на храна во Европа и светот, целта на овие обуки е да се прикажат  мерките за поддршка на производителите на органска храна што се предвидени во заедничките земјоделски политики на Република Македонија и европските фондови, како и давање на корисни упатства за правилата кои се однесуваат на органското производство, процес на контрола и сертификација на органското производство, согласно законот за органско производство и ЕУ регулативите.

Обуките опфаќаат три засебни области: Земјоделско и овоштарско производство, точарско производство и Пчеларско производство.

Обуките ќе ги одржи стручно лице од Про-Церт контрола и сертификација окс.

Општина Охрид, ги поканува сите заинтересирани производители на земјоделски и овоштарски производи, сточарски производители и пчелари, претседатели и представници на месни заедници и рурални населби, млади земјоделци, производители на храна, граѓански и други организации да земат учество на обуките.

Советувањето и обуките ќе се одржат во големата општинска зграда со почеток во 18 часот.

OhridNews