Секои 2 секунди некој доживува мозочен удар. Секои 6 секунди некој умира од мозочен удар. До 70% од мозочните удари може да се спречат.
Здружението за борба против мозочниот удар „ Мозочен удар“ од Охрид во тек на месец октомври организира советување на тема „ Мозочен удар“, за сите болни со преживеан мозочен удар, како и за оние кои се грижат за своето здравје и здравјето на најблиските. Во рамки на советувањата посетителите ќе имаат можност за консултации, проценка на ризик фактори, да добијат прорепораки за најсоодветен третман и техники на рехабилитација, совети за исхрана.
Советувалиштето, за пошироката јавност е отворено секој петок во текот на месец октомври од 10 до 12 часот во просториите на специјалната болницата за ортопедија и трауматологија „ Св Еразмо“, а на 26 октомври целодневно на охридскиот плоштад. Советувањето ќе го води Др Маја Божиновска Смическа председател на здружението и стручен тим составен од невролог, физијатар, психолог, советник за исхрана и медицинските асистенти од невролошката дејност.
OhridNews