Една од најреномираните канадски куќи за градење скијачки центри ја изработи физибилити студијата за изводливост на изградба на скијачки центар на Галичица, кој освен во зима, би служел за сместување на голем број гости  и во текот на летниот период.

Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека изработената студија покажала  оправданост од реализацијата на проектот , при што меѓу неколкуте посочени соодветни локации за изградба бил избран просторот над Градиште, од каде би поаѓала главната гондола од жичарата. Пристапено е и кон изработка на основен проект кој според обврските од договорот, канадската компанија треба да го заврши до крајот на април. Во соработка со владата, формиран е и тим кој ќе работи на промоција на центарот и кој ќе ја следи реализицијата на проектот.

Во моментов се работи на објавување на оглас за пројавување на јавен интерес при што ќе се вклучени и економските промотори на владата кои ќе вршат промоција на скијачкиот центар  до потенцијалните инвеститори во светот. Огласот ќе трае до крајот на мај, односно почетокот на јуни годинава и веднаш потоа би требало да се распише тендер за издавање под концесија на зимскиот центар  за оние кои ќе пројават јавен интерес да инвестираат, изјави градоначалникот.

Современиот скијачки центар ќе содржи 15 километри долги стази. Од локалната самоуправа изразуваат надеж дека со својата уникатна природа и условите што ќе ги нуди со поглед на двете езера, ќе биде еден од најатрактивните центри во регионот .

Т.К.