Празниците, и останувањата до утринските часови,а особено дочекот на Новата година, бараат долг перфектен мејк-ап, кој во комбинација со останувањето до раните утрински часови може да биде катастрофален. Затоа, внимавајте на овие совети за да избегнете такво сценарио.

Прво, што се однесува до тенот, немојте за течна подлога да земете производи кои се многу тешки, туку одлучите се за течни и кремасти подлоги и ББ креми, кои ќе ги нанесете во два тенки слоја на лицето, а фиксирањето да биде само со камена пудра. Така ќе го изедначите тенот, а тоа нема да биде премногу очигледно. Задолжително нанесете ја камената пудра за корекција во текот на вечерта, како и марамчиња за впивање маснотија, за инстант матирање на лицето.

Ако сакате вашите очи да изгледаат беспрекорно во текот на цела ноќ, тајната е во слоевите кои ги нанесувате на капакот од окото. Така ќе успеете во намерата сенката за очи да не се размачка или да не избледи.

За почеток направете добра база. Нанесете слој од обичен коректор околу очите, но не и на капаците, бидејќи во тој случај сенката лесно ќе исчезне. Наместо тоа, ставете прајмер за сенка и тоа ќе биде најдобрата база која ќе го спречи паѓањето на сенката воправ, и создавање на набори кај капакот на окото. Тенок слој масна сенка ќе биде добра алтернатива за прајмерот.

Нанесете ја сенката по избор и лесно поминете со влажна четка со бронзер или руменило преку целото око и со самото тоа додајте уште еден слој преку сенката, кој ќе спречи размачкување.Свиткајте ги трепките – само така нема да ви се размачка маскарата.

Што се однесува до карминот, прво нанесете моливче за усни врз целите усни, тоа ќе направи добра база. Нанесете, потоа, еден слој од карминот, ставете книжно марамче на усните и „бакнете го“, така ќе го отстраните вишокот кармин а она што ќе остане на усните, заедно со моливчето, ќе направи фиксна база која тешко ќе се отстрани. Преку тоа намачкајте уште еден слој кармин и спремни сте за излегување.

извор:zenstvena.com