Петтиот ден од Светското првенство во фудбал што се игра во Русија донесе нови возбудувања, драма и неизвесност.

Во рамки на Г групата, фаворитот Белгија со три гола во второто полувреме ја скрши жилавата Панама, на која ова и е дебитантски настап на светските првенства, најавувајќи дека на неа треба да се смета сериозно на овој Мундијал.

Стрелци на головите за Белгија беа Мертенс и Лукаку на два пати.

Во вториот меч од групата капитенот Хери Кејн со два гола, едниот во 92 минута, и донесе победа на Англија над Тунис со 2:1.

Возбудувањата на мундијалот денеска продолжуваат во Х групата во рамки на која се среќаваат Колумбија – Јапонија и Полска – Сенегал.

OhridNews