Натпреварите од третото, последно кол во групите Ц и Д на Светското првенство во фудбал што се игра во Русија, донесоа голема драма по која Аргентина на крилата на фортуната обезбеди пласман во нокаут фазата.

Најпрвин попладнето во групата Ц Франција и Данска ремизираа со непопуларниот резултат 0:0, а Перу во меч на престиж ја сповлада Австралија со 2:0. Франција го освои првото место, а Данска второто.

„Триколорите“ ќе вкрстат со второпласираната селекција од групата Д – Аргентина, која со головите на Меси и на Рохо во финишот на натпреварот ја скрши жилавата Нигерија за победа од 2:1.

Во прилог на „гаучосите“ беше и резултатот на натпреварот Хрватска – Исланд (2:1). „Коцкестите“ со комбиниран состав стигнаа до третата победа во групата и со максимални 9 бода го освоија првото место, пред Аргентина со 4, Нигерија 3 и Исланд 1.

Возбудувањата на Мундијалот продолжуваат денеска со натпреварите од третото коло во групите Е и Ф, во кои се среќаваат: Кореа – Германија, Шведска – Мексико, Србија – Бразил и Швајцарија – Костарика.

OhridNews