Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжија возбудувањата на Светското првенство во фудбал 2026, а селекциите на Аргентина и Франција со нови победи обезбедија пласман во нокаут фазата.

Во групата Ј, актуелниот светски шампион Аргентина ја совлада Австрија со 2:0 со головите на Меси и со максимални шест бода го потврди местото во шеснаесетинафиналето. Во вториот натпревар од групата, Алжир со 2:1 беше подобар од Јордан и ги задржа шансите за пласман понатаму.

Во групата И, Франција со сигурни 3:0 славеше над Ирак (Мбапе 2, Дембеле) и исто така обезбеди место во следната рунда. Возбудлив натпревар одиграа Норвешка и Сенегал, а скандинавците победија со 3:2 и останаа во игра за првото место во групата.

Резултати 22 јуни

Група И

Франција – Ирак 3:0
Норвешка – Сенегал 3:2

Група Ј

Аргентина – Австрија 2:0
Јордан – Алжир 1:2

По две одиграни кола, Франција и Аргентина се лидери во своите групи со по шест бода и веќе обезбеден пласман во 16-финалето.

Светскиот шампионат продолжува денеска со натпреварите од групите К и Л.

Програма за 23 јуни:

Португалија – Узбекистан
Англија – Гана
Панама – Хрватска
Колумбија – ДР Конго

Најголемо внимание привлекуваат дуелите на европските велесили Португалија и Англија, кои со евентуални победи би направиле голем чекор кон пласман во нокаут фазата. Интересно се очекува да биде и во групата К, каде Колумбија ќе се обиде да го потврди одличниот старт против селекцијата на ДР Конго. На вистински тест ќе биде репрезентацијата на Хрватска која по поразот од Англија во 1 коло нема право на кикс.

OhridNews