Со четири натпревари одиграни синоќа и ноќеска продолжи Светското првенство во фудбал 2026, а најубедливата победа ја забележа Португалија која со 5:0 го декласираше Узбекистан и направи голем чекор кон осминафиналето.

Во групата К, Португалците доминираа од почетокот до крајот и со пет гола ја совладаа селекцијата на Узбекистан. Во вториот натпревар од групата, Колумбија со минимални 1:0 беше подобра од ДР Конго и се израмни со Португалија на врвот на табелата.

Во групата Л, Англија одигра без голови против Гана (0:0), додека Хрватска со 1:0 ја совлада Панама и остана во игра за пласман во нокаут фазата.

Резултати 23 и 24 јуни

Група К

Португалија – Узбекистан 5:0
Колумбија – ДР Конго 1:0

Група Л

Англија – Гана 0:0
Панама – Хрватска 0:1

Денеска се игра последното коло во групите А, Б и Ц, по кое ќе бидат познати нови патници во осминафиналето.

Група Б

Швајцарија – Канада
Босна и Херцеговина – Катар

Група Ц

Шкотска – Бразил
Мароко – Хаити

Група А

Чешка – Мексико
Јужна Африка – Јужна Кореја

Најголемо внимание привлекуваат натпреварите во групите А и Ц, каде Бразил, Мароко, Мексико и Јужна Кореја ќе се обидат да го потврдат пласманот во нокаут фазата на мундијалот.

OhridNews