И покрај тоа што важат за две големи фудбалски велесили Италија и Англија не одиграле многу мечеви на големите натпреварувања. Последниот нивни меѓусебен меч се одигра на СП 1990 година. Во мечот за третото место Италија ја победи Англија со 2-1.

Натпреварот беше одлучен во последните 15 минути од мечот. Роберто Баџо искористи една од ретките грешки на легендарниот англиски голман Питер Шилтон, кој го играше последниот меч во својата интернационална кариера. На 1-1 изеданчи Дејвид Плат. Кончениот резултат го постави најдобриот стрелец на Мундијалот, Салваторе Тото Скилачи.

Италија го освои третото место, додека Англија ја доби наградата за ферплеј.