Македонската А репрезентација ги започна подготовките за квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн кој ќе се одигра на 24 март на гостински терен во Вадуз. Под будното око на селекторот Игор Ангеловски и неговите помошници се одржа првиот тренинг во пресрет на важниот дуел во кој Македонија влегува како фаворит.


– Никогаш и никаде нема да бараме алиби иако и пред почетокот на подготовките се соочуваме со проблеми поради повредите на Хасани и Бејтулаи. Сметам дека имаме доволно добри фудбалери кои ќе одговорат на задачата и на обврските кој ќе им бидат зададени. Пристапот ќе биде ист како и на сите други пресметки, но ќе менуваме формациски. Имаме добри играчи за да дојдеме до победа. Тоа што долго време немаме победа на гости во квалификациите создава одреден притисок но се надевам дека тоа ќе биде плус повеќе за да срушиме таа традиција. – изјави селекторот Ангеловски.

„Црвено жолтите“ во четирите одиграни натпревари во Г група немаат освоен ниту еден бод претрпувајќи четири порази, затоа селекцијата на Лихтештајн е шанса која не смеат да ја пропуштат. 

OhridNews