Без победник 2-2 заврши мечот меѓу Англија и Еквадор, кој се одигра на стадионот во Мајами. Но, место да се пишува и зборува за четирите погодоци во фокусот беа црвени картони на Рахим Стерлинг и Антонио Валенсија.
Англискиот репрезентативец непромислено стартуваше врз Валенсија, кој откако стана за врат го фати и го турна Стерлинг. Страстите брзо се смирија, а главниот судија ги испрати во соблекувалните на „ладење“.
Погодоците за Еквадор ги постигнаа Аројо и Енер Валенсија додека за англичаните погодија Руни и Ламберт.
Резултати : Гибралтар – Малта 1-0, Алжир – Романија 2-1, Унгарија – Албанија 1-0, Холандија – Велс 2-0, Италија – Луксембург 1-1, Еквадор – Англија 2-2, Јамајка – Египет 2-2, Исланд – Естонија 2-0.
Мх.П.