Репрезентациите како Англија кои се жалеа на квалитетот на Јабулани топката, се самите виновни бидејќи не доволно долго тренираа со топката велат од Адидас.
 
 Портпаролот на “Адидас”, производителот на официјалната топка за СП Томас Шаикван истакна дека играчите од лигите каде не се играа со топката Јабулани, репрезентациите кои не играа на Африкански Куп на Нации, како и играчите од другите федерации кои не играат со таа топка им треба многу повеќе време да се навикнат на неа.
 
Од Адидас велат дека првенствата на сите земји уште во почетокот на пролетта добиле голем број топки и таа се користеше во германската Бундеслига, потоа Франција и Аргентина, но исто така и во шампионатот на Австрија, Швајцарија, Португалија и САД. Топката беше тестирана во Челзи, Реал Мадрид и Милан и немаше забелешки. 
 
 
Користењето на Јабулани топката е поврзано со спонзорството на “Адидас” кој има договори со неколку репрезентации и национални лиги, со оглед на тоа дека англиската Премиер лигата има договор со Најк, на играчите кои играат во англиската клубови  има требаше повеќе време да се прилагодат. Англискиот тим и за време на пријателските средби со Мексико и Египет не играше со новата топка, поради договорот кој го има со Умбро. Тие, со новата топка се дружеа само четири недели а одиграа само еден натпревар и тоа против Јапонија.
Ohridnews