Англиската фудбалска репрезентација ги комплетираше четвртфиналистите на Светското првенство во Русија победувајќи ја Колумбија после изведувањето на пеналите (4-3), откако регуларниот дел и продолженијата завршија без победник (1-1).

Тендицијата на мирно прво полувреме ја продолжија и двете селекции. Погодоците паднаа во вториот дел. Англичаните го отворија резултатот во 57-та минута кога Хари Кејн успешно го изведе ударот од белата точка. Колумбијците изедначувачкиот погодок преку дефанзивецот Мина го постигнаа во третата минута од судиското продолжение. Дополнителните триесет минути речиси и да не понудија ништо и победникот се одлучуваше во пенал рулетот.

Фалкао и Квардадо за Колумбија односно Кејн и Рашфорд за Англија реализираа во првите две серии. Муриел погоди за колумбијците во третата, а Хендерсон промаши. Во четвртата нереализираше Колумбија ореку Урибе, а Трипер изедначи 3-3. Во петтата серија Бака промаши, а Дајер релизираше за пласман во ТОП 8 и кршење кое ги прати англичаните во пенал рулетот на големите натпреварувања.

Противник на Англија во четвртфинале ќе биде Шведска која час претходно ја елиминираше Швајцарија со минимална победа 1-0.

Среда и четврток се слободни денови на Мундијалот, а четвртфиналните мечеви ќе се играат во петок односно сабота.

OhridNews