На два дена од почетокот на една од дерби средбите во првата рунда меѓу Англија и Италија арената „Амазониа Манаус“ е во катастрофална состојба.

Домаќините ќе бидат во трка со времето да го приспособат стадионот за дуелот меѓу „гордиот албион“ и „азурите“ да биде вистински спектакл.

Англија и Италија силите ќе ги одмерат в сабота во последниот термин (24ч), а претходно ќе се судрат Уругвај и Костарика кои се наоѓаат во групата Ц.

Мх.П.