Победниците од последните натпревари во Ц групата ќе обезбедат пласман во нок аут фазата на Мундијалот во Ј.Африка. По трите порази во трите натпревари на првото преставување на Мундијалот пред осум години, Словенија е на чекор до сензација и прв пласман во осмина-финале на големите натпреварувања. Пласманот во осминафиналето би одекнал како сензација број еден , поради тоа што пред словенците е исправен ’Гордиот Албион“.
Само победа ги води ’трите лава“ во наредната фаза, никој на островото не сака да размислува на најлошото, сите погледи се свртени кон “шпагети’ мајсторот Фабио Капело.
– Спори сме , мора да го смениме ритамот и темпото за време на мечот. Потребно е да направиме поголем притисок за да успемее да нападнме – смета Фабио Капело.
– Не не’ интересираат проблемите на другите селекции. Јас морам да се
справам со нашите проблеми. Англија има фантастични поединци и ќе биде
тешко да се избориме за поволен резултат. Што и да се случи јас ќе
бидам задоволен. – рече селекторот на Словенија, Кек.
САД и Алжир ќе се судрат во Преторија за да одредат кој ќе биде вториот патник во елиминациската фаза. Пред стартот на последното коло во Ц-групата.
– Тие се добро организиран состав, со одлични поединци кои имаат добра техника. Тешко е да ги пробиеш, но ние ќе мораме да го сториме тоа за да одиме понатаму – вели селекторот на САД, Боб Бредли.
Словенија е лидер со 4 бода и гол разлика 3-2, пред САД и Англија со
по 2 бода. Американците имаат гол разлика 3-3, а Англичаните дадоа и
примија само по еден погодок. Алжир посакува пораз или реми на „Гордиот
Албион“ за да може со победа да прослави историски пласман во
осмина-финале.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com