Која од селекциите на Србија и Гана ќе успее да обезбеди пласман во елиминациската фаза во голема мера зависи од нивниот меѓусебен дуел на отварањето на мечевите во Д групата.


“Црните ѕвезди“ на Мундијалот ќе настапат без својата најголема ѕвезда капитенот Михаел Есиен кој не успеа на време да ја санира повредата. Српскиот селектор на клупата на Гана, Рајевац ја подмлади селекцијата со играчи кои го освоија светското првенство за играчи под 20 години.


По дебаклот на минатиот планетарен собир, Радомир Антиќ успеа да ја консолидира српската репрезентација, кој во силната конкуренција во квалификациската група го освои првото место.

–    Во нашиот состав има играчи кои играа и на минатиот Мундијал, но за разлика од пред четири години мислам дека сега сме далеку подобро подготвени. Нема слаби репрезентации на првенството и задачата нема да е лесна, но убедени сме дека ќе успееме – истакна дефанзивецот Немања Видиќ.


–    Нашата самодоверба е на високо ниво и сите фудбалери ќе го извлечат најдоброто од себе. Очекувам на овај Мундијал да постигнеме солидни резултати – рече селекторот на Гана, србинот Милован Рајевац.

СП Група Д : “Тивките“ репрезнтации ја сопираат фаворизираната Германија

СП : Србија највисока на Мундијалот