Српскиот селектор Радомир Антиќ оцени дека теренот на кој што неговата репрезентација го имаше првиот тренинг во Јужна Африка е премногу мек, поради што побара од организаторот нов терен за тренинзи.


Според Антиќ, домаќините на стадионот Милер поставиле нова подлога во период кој не е поволен за вегетација, поради што играчите имале впечаток како да тренираат на песок.

„Стравувам за здравјето на играчите, поради што превземав одредени чекори со цел да ја промениме локацијата за тренинзи“, изјави Антиќ.

Српската репрезентација до натпреварот со Гана, кој е на распоредот во недела во 16 часот, планира да одработува по еден тренинг секој ден и тоа во времето на одигрување на мечот.

“Извор Макфас“
Ohridnews