Репрезентацијата на Белгија како првопласирана, а селекцијата на Англија од второто место на табелата во Г групата патуваат во елиминациската фаза на Мундијалот во Русија.

Да не одлучуваат фер плеј правилата односно жолтите картони за лидерската позиција во Х групата се погрижи Аднан Јанузај кој со маестрален погодок во 50-та минута донесе предност и конечна победа за „црвените ѓаволи“. Во преостанатиот меч во Г групата кој немаше резултатско значење Тунис со пресврт ја совлада Панама со 2-1.

Во 1/8 финалето Белгија ќе ги одмери силите со Белгија, додека Англија ќе се судри со Колумбија која финишираше на првата позиција во Х групата.

Осминафиналните натпревари на програмата се в сабота, а утре (петок) за прв пат од почеток на СП нема натпревари.

OhridNews