Репрезентацијата на Македонија со пет погодоци предност (18-13) го заврши првиот дел од натпреварот против Јапонија.

Првото полувреме речиси комплетно помина во знакот на нашите ракометари кои на противникот му допуштија само едно водство (4-3). Од тогаш, „црвено жолтите“ направија серија 4-1 и го вратија водството (8-5).

Во продолжението разликата варираше од три до шест голови, а на крајот избраниците на Раул Гонзалес заминаа со пет погодоци предност.

Човек на одлука во првото полувреме беше Борко Ристовски кој собра 12 интервенции, а Кирил Лазаров со седум голови го предводи нападот.

OhridNews

Фото: Гол.мк