Селекциите на Аргентина и Шпанија, ќе се сретнат во финалето на Светкото првенство во кошарка кое се одржува на далечниот исток во Кина.

„Гаучосите“, одново блеснаа и ја „спуштија“ Франција победувајќи ја со 80-66 во полуфиналето. Аргентинците одиграа фантастичен натпревар, дозволувајќи му само две водства на противникот во текот на полуфиналната пресметката. Клучната разлика, Аргентина ја направи во втората и третата четвртина кога обезбедија двоцифрена предност. Во последниот квартал, Франција се обиде но не успеа да ја надополни негативата.

Многу повозбудлив и поинтересен натпревар одиграа Шпанија и Австралија. „Црвената фурија“, по две продолженија го скрши отпорот на „кенгурите“ и се пласираше во финалето. Регуларниот дел од мечот заврши 71-71, а шпанците во дополнителните десет минути победија со 24-17.

В сабота (утре) со почеток во 10 часот ќе се одигра дуелот помеѓу САД – Полска за 7-та позиција, а во 14 часот силите ќе ги одмерат Србија – Чешка во борбата за 5-та позиција. Натпреварот за трето место е в недела во 10 часот, а финалето е закажано за 14 часот.

OhridNews