За разлика од Бразил кој беше силно критикуван по поразот на Светското првенство што резултираше со смена на тренерот Дунга, Аргентинците во својата земја беа дочекани како херои.


Илјадници навивачи го дочекаа тимот на Марадона со транспаренти на кои беа испишани пораки за поддршка и покрај катастрофалниот пораз од младиот германски фудбалски тим.

Марадона е недопирлив. Аргентинскиот сојуз го слушна гласот на навивачите-сега останува само на Марадона да одлучи дали ќе остане на клупата на репрезентацијата.

Договорот на Марадона истекува по Копа Америка во 2011 година, кога домаќин е токму Аргентина.

Ohridnews