Селекторот на италијанската репрезентација ги соопшти 23-та фудбалери кои ги бранат боите на „азурите“ на Мундијалот во Бразил.
На спикотот место немаше за фудбалерот на Рома, Матија Дестро и Џузепе Роси, кој настапува за Фиорентина. Поради тешка повреда на ногата претходно отпадна Рикардо Монтоливо.
Италија во групата на Светското првенство се наоѓа со Англија, Уругвај и Костарика.
Составот :
Голмани: Буфон, Перин, Сиригу
Одбрана: Абате, Барзаљи, Бонучи, Кјелини, Дармиан, Де Шиљо, Палета
Среден ред: Аквилани, Кандрева, Де Роси, Маркизио, Пароло, Пирло, Мота, Верати
Напад: Балотели, Касано, Черчи, Имобиле, Инсигне
Мх.П.