Селекциите на Белгија и Франција ја сочинуваат првата полуфинална двојка на Светското првенство во Русија. Белгијците во полуфиналето го совладаа Бразил (2-1), додека французите подобри беа од Уругвај 2-1 во четвртфиналните натпревари.

Белгиските фудбалери го положија најголемиот испит и на колена го фрлија Бразил кој беше фаворит број еден за титулата пред почетокот на Мундијалот. „Црвените ѓаволи“ тактички одговорија максимално на офанзивната игра на „кариоките“. Првиот погодок белгијците го постигнаа во 13-та минута со помош од Фернандињо кој сам си ја затреси мрежата. После половина час игра водството на белгијците изнесуваше 2-0. Де Брујне со гол ја круниса маестралната контра на целата репрезентација.

„Кариоките“ во второто полувреме фрлија на една карта, а тоа со плод вроди во 76-та минута кога Ренато Аугосто намали на 2-1. Истиот фудбалер пет минути подоцна ја имаше шансата на натпреварот, но неговиот удар заврши покрај голот. Бразилците се заканија и во финишот преку Нејмар кој биеше одлично, но на вистинско место беше Куртоа.

Во полуфиналниот натпревар Белгија ќе ги одмери силите со Франција. Полуфиналистите на Мундијалот ќе се комплетираат после мечевите помеѓу Шведска – Англија (16ч) односно Русија – Хрватска (20ч).

OhridNews