Фудбалската селекција на Белгија закажа дуел со Бразил во 1/4 финалето, откако во осминафиналната пресметка со пресврт ја совлада и елиминираше репрезентацијата на Јапонија (3-2).

Првото полувреме во кое мрежите мируваа не наговестуваше ваков неверојатен расплет. Јапонците во 48-та и 52-та минута со головите на Харагучи и Унои поведоа со 2:0. На белгијците потребни им беа 15-тина минути да се консолидираат и да покажат зошто се вбројуваат помеѓу фаворитите за трофејот. Резултатот го намали дефанзивецот Вертонген, а го изедначи Фелаини. Пресвртот го комплетираше Чадли со гол во последните секунди од четвртата минута од судиското продолжение.

Противникот на Белгија во 1/4 финалето Бразил рутински се справи со Мексико победувајќи со 2-0. Четвртфиналистите на Мундијалот во Русија ќе се комплетираат утре со мечевите помеѓу Швајцарија – Шведска односно Колумбија – Англија.

OhridNews