Селекцијата на Белгија која е лидер во Групата А за мундијалските квалификации в петок ќе се сретне со репрезентација на Србија. Со победа над “орлите“ репрезентативците на Белгија ќе направат чекор напред кон обезбедување на пласман на мундијалот во Бразил и ќе ја отпишат Србија.


– Само Германија и Шпанија имаат подобри фудбалери од нас на останатите селекции од светот можеме рамноправно да им парираме. За да бидиме како овие две селекции мораме да имаме континуитет, кој ќе го одржиме на неколку големи натпреварувања –
рече Вертонген, фудбалер на англинскиот Тотенхем.

По шест одиграни натпревари Белгија има пет победи и едно реми исто колку и Хрватска но поради подобрата гол разлика се наоѓаат на чело од Групата А.

Мх.П.