Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, објави дека освојувачот на Светскиот куп, кој следната година ќе се одржи во Бразил, ќе заработи 25,6 милиони евра.
Блатер исто така, потврди дека наградниот фонд ќе изнесува 423 милиони евра, што е за 115 милиони евра повеќе од претходниот шампионат во Јужна Африка.
Националниот тим кој ќе биде поразен во финалето од ФИФА ќе добие 18,3 милиони евра, додека третопласираната репрезентација ќе заработи 16,1 милиони евра.
Високи парични награди ќе добијат и репрезентациите кои ќе бидат елиминирани во четвртфиналето, секоја ќе добие по 10 милиони евра, додека осминафиналистите ќе заработат по 6,5 милиони евра.
Генералниот секретар на ФИФА, Жером Валке, информира дека наградниот фонд е зголемен за 37 отсто.
Мундијалот во Бразил ќе се одржува од 12.јуни до 13.јули следната година, додека групите ќе бидат извлечени во петок, во бразилскиот град Баија.
„Макфакс“