Женската ракометна репрезентација на Бразил е новиот Светски првак. Бразилките во финалето од мундијалот го совладаа домаќинот Србија со 22-20 (13-11).

Ракометарките на Бразил до финишот на мечот љубоморно ја чуваа предноста. Но, на две минути до крај србинките носени од френетечнината атмосфера стигнаа до изедначување 20-20.

Кога требаше да се направи пресврт српските ракометари погрешија, а бразилките со два погодоци казнија и стигнаа до најсветлото одличје.

За селекцијата на Бразил ова е прво злато од досегашните мундијали, а таква шанса испушти Србија која пред своите гледачи претрпе пораз од новите светски прваци.

Македонија не учествуваше на мундијалот во Србија откако претрпе пораз во баражот од селекцијата на Шпанија.

Мх.П.