Бразилскиот судија Карлос Симон и неговите помошници Роберто Брац и Алтемир Хаусман, делегирани за мечот помеѓу САД и Англија одат на забрзан курс по најчесто употребуваните вулгарности на англиски јазик.


Аргентинскиот судија Елизондо го исклучува Руни

– Сите играчи пцујат, вели Хаусман, ние сме таму да ги слушнеме и да реагираме. Судиската тројка ги препознава пцостите на 11 јазици, но зачудо учењето на пцостите на англиски го оставиле за крај.

Англиските фудбалери се на мета на судиите, во 1998 година на мечот Англија – Аргентина исклучен беше Дејвид Бекам, додека во 2006 година Вејн Руни пред време го напушти мечот Англија – Португалија,  и двата меча англичаните ги загубија и се збогуваа со настапите на Мундијалот.

Ohridnews