Без победник започнаа натпреварите во групата на смрта на 19 – то Светско првенство во ЈАР. На првиот меч помеѓу Брегот на Слонова Коска и Португалија гледачите не видоа погодок. Двете екипи повеќе мислеа на својот отколку на противничкиот гол, а најубавата прилика ја имаше Роналдо кој од 30 – на метри го погоди дирекот.


БСК во наредното коло ќе игра против Бразил, додека Португалија ќе игра против Северна Кореа.

Ohridnews