Со освојувањето на бронзениот медал на мундијалот во Шпанија, хрватската селекција стигна до деветтиот медал во последните десет години. Поранешниот селектор на Хрватска, сега тренер на македонскиот првак Металург, Лино Червар им честиташе за остварениот успех на планетарниот собир.

– На ракометарите и стручниот штаб од селекцијата им честитам за бронзениот медал. Тоа е деветти медал во последните десет години и тринаесети вкупно на сите големи натпревари. Со ваков континуитет неможе да се пофали секоја репрезентација – истакна Червар.

Хрватска беше на чекор да го повтори историскиот успех од 2003-та на Светсткото првенство во Португалија кога го освоија златниот медал, но Европскиот првак Данска беше непреминлива пречка за “коцкастите“ во 1/2 финалето.

– Момците имаа фантастични престави на мундијалот против Шпанија, Унгарија и Франција. Селекцијата покажа огромен потенцијал, младите ракометари гине за националниот дрес и штета што бојата на медалот не е сјајна – заврши Червар.

Мх.П.