Селекторот на Македонија, Лино Червар одлучи да не менува ништо во репрезентацијата и со истиот состав од претходните мечеви да и се спротистави на Шпанија во четвртата рунда.
Червар после натпреварот со Словенија кој Македонија го загуби 29-22 најави прво анализа и промени, но не го направи тоа и на мегдан со „црвена фурија“ излегува со истите шеснаесет ракометари.
Македонија сигурно ќе играт во нокаут фазата, а од мечот со Шпанија кој се игра во 20:45 часот „црвено жолтите“ можат да извлечат само позитивни работи и резултат.
OhridNews