Со победата над Русија 31-27 европскиот првак Данска ја дели првата позиција со репрезентацијата на Македонија. Двете селекции по два одиграни натпревари имаат четири бодови и обезбедија пласман во 1/8 финалето.


Составот на Русија секогаш успеваше да ја анулира предноста на данците, но никако не успеваше да го презеде водството.

Моментално искуството од големи натпревари е на страната на Данска, која рутински го спроведе мечот во нова победа.

Соиграчот на Лазаров во Атлетико Мадрид, Николај Маркусен со шест погодоци беше најефикасен во данскиот состав. Првата виолина на Данса, Микел Хансен беше резервиран постигнувајќи само два погодоци.

Мх.П.